Утрински Весник
Македонија

Судењето за „Рекет” продолжува со сведоци

Судењето за „Рекет” продолжува со сведоци

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Последните сведоци предложени Бојан Јовановски – Боки 13, првообвинет во случајот „Рекет”, треба да бидат сослушани на денешното рочиште за овој судски предмет.

На последното рочиште сведочеа стилистот Сергеј Варошлија, сопственичката на оптика Марија Јанковска и сопственикот на галерија Алекс Кртов. Требаше да бидат сослушани и Владимир Тодоровиќ, Дејан Панделески и Јовче Ременски, но беа повлечени од одбраната, а сведокот Лидија Јаневака доставила медицинска документација дека е под стрес и не може да сведочи.

Овој случај каде обвинета е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, го води судијката Васка Николовска – Масевска, додека обвинението го застапуваа обвинителката Вилма Рускоска.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор. Пресудата против него уште не е правосилна затоа што одбраната најави жалба пред Апелацискиот суд во Скопје.оџ/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!