Утрински Весник
Спорт

Чеферин до Англичаните: А, да го укинете Лига купот?

УЕФА во одбрана на одлуката за финалето во Баку

Нион, 5 март 2020 (МИА) – Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин ја повика Фудбалската асоцијација на Англија да го укине Лига Купот, второ квалитативно натпреварување на Островот, чиј актуелен освојувач е Манчестер Сити.

Тоа, како што рече во разговор за „Тајмс“, би било најдобра одлука во време на се позгуснат распоред на клубовите.

– Лига купот е укинат во Франција. Остана само Англија. Мислам дека сите знаат оти би било најдобро тоа натпреварување да не се игра повеќе, рече Чеферин.

Лига Купот во Англија се игра од сезоната 1960/61 и повремено се јавуваа предлози за негово укинување. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските борачи обезбедија две финалиња на Медитеранските игри

Ѓоковиќ четврти носител на УС Опен, можен е меч со Алкараз во полуфиналето

Турција и Италија најуспешни нации по вториот ден на Медитеранските игри