Скопје, 5 март 2020
Санела Шкријељ членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ и градоначалникот Драган Анастасов вечерва се сретнаа со пензионерите од Пробиштип. На средбата разговараа за подобрувањето на пензионерскиот стандард, но и за други актуелни прашања што ги засегаат повозрасните граѓани.
“За две и пол години, односно за не цел мандат со водење на одговорно економски политики успеавме да направиме пресврт во економијата и да го подобриме животниот стандард. Граѓаните тоа веќе го чувствуваат, а го чувствуваат и пензионерите. Јануарската пензија на секој пензионер во дражавата исплтена во февруари е повисока за 722 денари. Ова зголемување не е ад хок, влегува во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец. Со тоа секој пензионер за една година ќе добие дополнителни околу 9.000 денари на своите сметки. Има разлика од претходно. ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година даде усогласување на крајот од годината коешто беше околу 600 денари. Кога оваа сума ќе се подели на годишно ниво излегува дека месечно пензионерите добиле по околу 50 денари, истакна Шкријељ на средбата со пензионерите.
Шкријељ рече дека зголемувањето е направено во услови кога пензискиот систем се стабилизира, дефицитот е намален, а приходите во фонот за ПИО се зголемени за 10%.
– Истовремено со зголемувањето на пензиите продолжувам понатаму посветено да работиме на развој на услугите за повозрасните лица на локално ниво. Едни од тие услуги се помош и нега во домашни услови како и центри за активно и здраво стареење, рече Шкријељ.
Градоначалникот Драган Анастасов рече дека Пробиштип ќе добие дом за стари лица.
– Со преадаптација на левото крило од Здравствен дом „Нада Михајлова“ во старечки дом ќе обезбедиме простор за сместување на 50 лица, рече Анастасов.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.