Утрински Весник
Македонија

Прием на членови на здружението „Порака“ кај битолската градоначалничка Петровска

Прием на членови на здружението „Порака“ кај битолската градоначалничка Петровска
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Битола, 5 март 2020 (МИА) – Градоначалничката на Битола Наташа Петровска попладнево приреди прием за членови на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.

На средбата во кабинетот на Петровска, членовите на „Порака“ го честитаа престојниот Меѓународен ден на жената 8. Март и ја презентираа програмата за работа на Центарот.

– Претставниците на центарот за поддршка на лицата со интелектуална попреченост, посочија предлог проекти кои во иднина може да бидат во функција на инфраструктурно подобрување на условите за нив, но и создавање на мултифункциски простор кој ќе значи можност за понатамошен развој и напредок на овие лица во повеќе области. Барањата беа поддржани од градоначалничката Петровска и информира дека  општината веќе подготвува соодветна техничка документација и тоа е во согласност со програмата за социјална заштита на Општина Битола, информираа од тамошната локална самоуправа.

Општина Битола ќе ја интезивира социјална заштита на ранливите категории граѓани и ќе овозможи нивна поголема вклученост во заедницата се нагласува во соопштението на секторот за односи со јавност на Општина Битола. мт/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УХМР: Снег во идните денови

ИРЛ отвора сериозни сомнежи: Жртвите во „Пулс“ можеби не починале од јаглерод моноксид

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери