Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Изготвена студија за валоризација на Студенчишкото блато, прв чекор кон негово прогласување за заштитено подрачје

Изготвена студија за валоризација на Студенчишкото блато, прв чекор кон негово прогласување за заштитено подрачје
Img 7972

Охрид, 5 март 2020 (МИА) – Општина Охрид изготви Студија за валоризација на просторот на Студенчишко блато, заради негово прогласување за заштитено подрачје.

Студијата ја изготви тим на Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје, а во рамки на Програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година.

Во рамки на подготовката на студијата беа ангажирани експерти од Институтот за билогија на Природно-математичкиот факултет од Скопје, Хидробиолошкиот институт од Охрид како и претставници на други институции.

Во студијата е потенцирано големото значење на биолошката разновидност што ја поседува Студенчишкото блато во целокупниот еко-систем на Охридскиот регион. Исто така посочени се и актуелните закани за блатото, како и сите препораки за негова соодветна заштита. аб/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи