Утрински Весник
Македонија

За една недела само две пријави за оган на отворено во Скопје

Минатата недела намален бројот на огнови на отворено во Скопје

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, од 27 февруари до 04 март, на телефонскиот број 193 кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“ регистрирала само две пријави од граѓаните. Пријавите се проследени кај инспекторите на Град Скопје за да покренат постапка против сторителите.

-Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено, соопшти Град Скопје.

Оваа кампања, како што се наведува во соопштение, се спроведува трета година по ред и досега има одлични резултати.

Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.бт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Водно без вода – жители во очај и гнев: „Рестрикции, а 40 степени надвор!“

Вечерва избувна голем пожар и кај Македонски Брод, за сега никој не интервенира

Кукуновски за 24 Инфо: Граѓаните од Чучер Сандево сами го спасија манастирот од пожарот