Утрински Весник
Македонија

Промовирано новото видео за привлекување жени во Армијата

Промовирано новото видео за привлекување жени во Армијата

 

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Во пресрет на 8. март, Меѓународниот ден на жената, денеска во Министерството за одбрана беше промовирано новото анимирано видео посветено на привлекувањето жени во редовите на Армијата на Република Северна Македонија.

Видеото е изработено заедно со Канцеларијата на UNWomen во Скопје, а има за цел да покаже дека жените и мажите во армијата се еднакви и оти приоритет за Министерството за одбрана е воспоставување целосна родова рамноправност и родова перспектива во армиските редови.

На денешната средба, како што соопштија од МО, координаторката на работната група за родова еднаквост во Министерството, Катерина Ставреска и раководителката на Канцеларијата на UNWomen во Скопје, Весна Ивановиќ Кастаред заклучиле дека меѓусебната соработка е на исклучително високо ниво и дека од оваа соработка произлегле важни документи што го воспоставуваат системот за целосна родова еднаквост во Армијата, како новото Упатство за организирање и водење на родова обука, Правилникот и Водичот за заштита од вознемирување, како и ново-промовираното видео.

Ставреска посочила дека Министерството интензивно и посветено работи на полето на родовата еднаквост, а пример за тоа, освен споменатите документи е и сертифицирањето и поставувањето на 36 родови советници во Министерството и во сите единици на Армијата, чија задача е да го советуваат раководството, но и вработените за прашања поврзани со родовата еднаквост. цр/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор