Утрински Весник
Македонија

Во Битола одбележана годишнината од смртта на кинематограферот Милтон Манаки

Во Битола одбележана годишнината од смртта на кинематограферот Милтон Манаки

Битола, 5 март 2020 (МИА)Делегации на Општина Битола, Советот на општината Битола, на Кинотека на Македонија, државниот Архиф, ИФФК „Браќа Манаки“ и Комуна на Власите во Битола одбележаа годишнина од смртта на еден од првите сниматели на Балканот, Милтон Манаки.

На влашките гробишта во Битола цвеќе положија претставниците на институциите, а во своето обраќање градоначалничката Наташа Петровска посочи дека Милтон Манаки заедно со неговиот брат Јанаки оставија големо културно наследство.

-Браќата Манаки овозможија како град да се промовираме на интернационално ниво. Во оваа прилика сакам да искажам голема благодарност на нивното дело, секогаш ќе го чествуваме овој ден со респект и почит, рече меѓу другото Петровска.

Според архивата на ИФФК „Браќа Манаки“, на денешен ден пред 41 година била промовирана идејата за почеток на Фестивалот на кинематограферите во Битола. мт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”