Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Делчево претставена сесијата „Бура од идеи“ за решавање на проблемите на општините

Во Делчево претставена сесијата „Бура од идеи“ за решавање на проблемите на општините
300x250 opst2

Делчево, 5 март 2020 (МИА) – Во Делчево денеска е претставена сесијата „Бура од идеи“ како дел од подготвителните активности за ИПА 2020 за поддршка на општините.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, изрази очекувања од оваа програма за нови иновативни концепти, во делот на подобрување на општинските услуги, социјалната заштита и социјални услуги, одржливиот раст и циркуларна економија, како и нови вработувања или способности за локалната економија.

– Очекувам активно вклучување во просецот, при што за дефинирањето на идејниот проект во наредниот период ќе биде формирана и работна група. Станува збор за проект, во кој носител треба да биде општината, а проектот треба да даде придонес во надградбата на капацитети, подобрување на квалитетот на давање услуги, а овде не се опфатени инфраструктурни проекти, рече Трајковски.

Според временската рамка, проектниот концепт, како што додаде, треба да биде готов до јуни годинава.

На средбата, беа образложени и деталите за новата програма ИПА 2020, за можностите кои ги нуди, како и за можностите за партнерски здружувања на општината.

На сесијата беше потенцирано дека вкупниот буџет на Програмата која се однесува за сите 80 општини и градот Скопје, изнесува 6,25 милиони евра, односно ќе бидат прифатени од 12 до15 апликации од општини во износ од 500 илјади евра. вс/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи

Акредитирани 591 странски и 658 домашни набљудувачи, пријавени околу 9.000 болни и изнемоштени лица