Скопје, 5 март 2020
Почитувани,
Зоран Заев е очаен, истрошен и политичар во заминување. Тоа се гледа и по последните негови чекори каде што смени став за имињата на училиштата за само 24 часа, како и неговата нервоза каде неговото трас трас судство осуди новинар на медиум кој што е критички настроен кон него за пишување на вистината во врска со случајот „Рекет“.
Очајот, стравот и паниката на Заев, каде што пред 2 дена незаконитоста на менувањето на имињата на училиштата во Чаир, по само 1 ден стана законска.
Затоа еве прашуваме кога Заев лажеше? Кога рече дека е незаконита промената на имињата или пак кога рече дека е законска?
Како и да е, Заев секако лаже.
Додворувајќи се на електоратот, го смени ставот и тоа се со цел само да обезбеди од одредена група гласачи поддршка и да ги покрие сите скандали на корупција, криминал и се останато што се случува во изминативе три години за оваа негова Влада предводена од него како најкорумпиран политичар.
Заев вчера уште еднаш беше поразен. Неговото трас трас судство донесе пресуда за новинар кој ја пиша вистината за случајот „Рекет“ и тоа е еден оггромен пораз за слободата на медиумите во Република Македонија.
Исплашен да не се дознае целата вистина за случајот „Рекет“, каде што сите знаат кој е главата на криминалниот октопод, тој посегна по новинарската слобода, посегна по слободата на говорот на еден медиум и новинар кој се критички настроени против него и неговите криминалии, како и криминалиите на неговата Влада. Заев со ова сакаше преку Русковска и Кацарска правосудството, односно Луј Витон правосудството да го замолчи и да прекине со трагање по вистината за случајот „Рекет“ новинарот Александар Митовски.
Заев и спрегата во судската власт сакаат да ги замолчат медиумите кои се критички настроени кон власта, кои секојдневно ги критикуваат нивните лоши политики. Истото го прават и со притисоците врз останатите критички настроени медиуми на секој можен начин користејќи ги институциите кои се под нивните канџи.
Она што е важно, е дека никој, па ни Заев нема да може да ја замолчи новинарската фела да пишува за неговите криминалии.
Слободно, може да продолжи, да се заканува, да уценува, да заплашува, да суди, да тортурира и тероризира новинари и медиуми, но верувајте дека Заев нема да избега од судот на граѓаните кој му следи на 12-ти април, а дури потоа ќе одговара и тој самиот и сите околу него за она се што направиле криминал изминативе години.
Ви благодарам на вниманието
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.