Утрински Весник
Политички Партии

Бајрактар на 63. сесија на Комисијата за наркотични дроги во Виена

Реакција на Интер ресорската група за еднакви можности за говорот на омраза кон жени од јавниот и политичкиот живот

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар учествуваше во работата на 63-тата сесија на Комисијата за наркотични дроги на ОН во Виена. На сесијата, организирана од UNODC (United Nations Office on Drugs and Crime), заменик министерот Бајрактар рече дека употребата на дроги негативно се рефлектира на севкупното човечко живеење и функционирање, на индивидуален, професионален, семен и социјален план, предизвикувајќи големи човечки страдања и загуби, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

-Употребата и нелегалните активности поврзани со дрога се сериозна национална и интернационална состојба која треба да се разгледува во глобален контекст. Дрогата не е едноставен проблем бидејќи е закана за сигурноста, безбедноста, здравјето и благосостојбата, просперитетот на популацијата, особено на младината. Опфаќа голем број аспекти кои се испреплетуваат меѓусебно: здравствени, социјални, кривични, етички, кои сами по себе претставуват предизвик. Феноменот поврзан со дрога и мерките и активностите кои треба да се преземат се комплексни и во широк континуум кој опфаќа превенција, третман, намалување на штети, социјална реинтеграција, правна контрола, спроведување на закон, особено имајќи предвид дека употребата на дрогата, трендовите, како и нелегалното производство и трговија со дрога се многу динамични, постојано се менуваат, нагласи Бајрактар.

Во државава првпат беше изготвена национална стратегија за дрога за периодот од 2006-2012 година, втората национална стратегија е за периодот од 2014-2020 која имаше цел балансиран пристап во имплементирањето на сите делови на стратегијата и сите елементи поврзани со проблемот со дрогата, базиран на евидентирани сознанија од праксата, но исто така и со спроведување на научни истражувања и проценка на состојбите, со цел одредување на мерки како да се надминат истите.

– Со поддршка на Европската Унија и преку размена на добри пракси, искуства и знаење со сродни институции и стручни лица од земјите на Европската Унија, како и во поширок контекст во рамките на Обединети Нации и земјите членки, Република Северна Македонија значително ги подобри квалитетот и споредливоста на информациите кои се достапни од повеќе области. Во моментов формирана е работна група за изготвување на третата национална стратегија за дроги во Република Северна Македонија, се вели во соопштението.

Согласно политиките на Министерството за труд и социјална политика, една од активностите е развивање на социјални услуги за ресоцијализација на корисници на дрога, преку обезбедување на социјална услуга во Центар за социјална рехабилитација на лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанции и прекурзори, преку Програма за социјална ресоцијализација во терапевтска заедница, финансиски поддржано од буџетот на Министерство за труд и социјална политика.

На сесијата на Комисијата за наркотични дроги учествуваа и државниот секретар на МОН Енвер Хусејин и амбасадорот -постојан претставник на РСМ при ОН Игор Џундев. лв/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт