Утрински Весник
Спорт

УЕФА планира да стартува нов проект за Летна Лига на шампиони

УЕФА негираше дека ја поканиле Аргентина во Лигата на нациите

Нион, 5 март 2020 (МИА) – УЕФА и американската компанија „Релевент Спорт“ се во преговори за одржување на нов клупски летен турнир во 2021 година.

Идејата е да се замени сегашниот предсезонски турнир „Интернешнл чампионс куп“, во кој се претставени најсилните европски тимови како дел од нивните подготовки за новата сезона.

УЕФА инсистира новиот турнир да има официјална природа и да се води на ист начин како Лигата на шампионите – со квалификации, групна фаза и елиминации.

Проектот е претставен пред водечките англиски тимови како што се Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем и тие веќе се согласиле и ги посочиле износите, за кои би учествувале на турнирот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство