Утрински Весник
Спорт

Низа промени во ракометната федерација на Македонија

С. Македонија организатор на женско младинско Светско Првенство во 2024 година

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Со мнозинство гласови на Управниот Одбор на Ракометната Федерација, согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 „Одлука без присуство“ од Законот за здружение и фондации, денеска беа донесени следниве одлуки:

1. Назначување на Левче Китески на функцијата Директор на машки и женски ракометни репрепрезнтации при РФМ.

2. Назначување на Гино Стрезовски на функцијата Стручен советник на селекторот во женски репрезентации.

3. Назначување на Димитар Митревски на функцијата координатор на машки ракометни репрезентации.

4. Назначување на Ѓорѓе Војновиќ , Главен Извршен директор на Триглав Осигурување АД Скопје, за нов член на Управен Одбор на РФМ.

5. Назначување на Билал Суџубаши, Генерален Извршен директор на Халкбанк АД Скопје, за нов член на Управен Одбор на РФМ.

Донесените Одлуки ќе бидат верификувани на следниот управен одбор, , соопштуваат од РФМ.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шампионот Струмица со три засилувања во Лигата на шампиони

Пожар го уништи стадионот и клупски простории во Словенија, таму се подготвуваше и Вардар

Тренерот на Тиквеш дојде на натпревар со влечки – Доби експресен отказ