Утрински Весник
Здрав Живот

Коронавирусот наметнува нов начин на поздравување

Коронавирусот наметнува нов начин на поздравување

Лос Анџелес, 5 март 2020 (/) – Додека бројот заболени и починати од новиот коронавирус сè повеќе расте, сè повеќе луѓе, меѓу кои и славни личности, го промовираат новиот поздрав – потчукнување со лактите.

Здравствените власти, но и лидерите и државниците постојано повикуваат луѓето да избегнуваат ракувања, пријателски бакнежи, прегрнувања и слични секојдневни начини на општење. Се чини, најсоодветна замена за тоа е поздравот со лактите.

И претставникот на мисијата на Светската здравствена организација во Кина, Брус Ејлворд дава свој пример за тоа. На прес-конференција, тој на подадена рака од новинар, одговори со подаден лакт. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Газирана вода го намалува апетитот

Ljuljeta

Сакате тиква? Ќе ви биде мило да слушнете какви придобивки се поврзани со неа

Ljuljeta

Јадете овој вид на протеини за да живеете подолго

Jana