Утрински Весник
Магазин

Поради кризата со тоалет-хартија, австралиско списание објави неколку бели страници

Разбојници стотици ролни тоалетна хартија во Хонг Конг
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мелбурн, 5 март 2020 (/) – Австралискиот таблоид „Дарвин“ денеска се пошегува на сметка на паниката предизвикана од ширењето на новиот коронавирус и разграбувањето на тоалетна хартија низ земјата, така што во својот последен број објави неколку празни страници наменети за читателите „во зорт“.

„Објавивме неколку празни страници во средина на списанието. Тие страници лесно можат да се одвојат, ако се најдете во итен случај”, наведува „Дарвин“.

Во Австралији се забележани 55 случаи на зараза со вирусно воспаление на белите дробови. Многу граѓани почнаа панична да купуваат од тоалетна хартија. Некои супермаркети поради разграбувањето, одлучија да го ограничат продавањето на овој производ. Во една продавница, полицијата мораше и да интервенира поради тепачка меѓу двајца муштерии за хартија. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Оскарите преминуваат на Јутјуб од 2029 година

Top casino games: Совети, класици и онлајн забава денес

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки