Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Индустриското производство во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи раст од 0,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст од 9,4 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 4,6 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 15,8 отсто.
Зголемувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, производство на текстил, производство на облека, производство на производи од гума и производи од пластични маси, производство на други неметални минерални производи, производство на метали, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 14,9 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за шест отсто, додека опаѓање бележи кај енергија за 12,7 отсто, капитални производи за 5,5 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 5,4 отсто.скс/са/