Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Повторно повреден пешак на регионалниот пат Тетово-Волковија кај Брвеница

Повторно повреден пешак на регионалниот пат Тетово-Волковија кај Брвеница
300x250 opst2

Тетово, 5 март 2020 (МИА) – Седумдесет и осумгодишен пешак од Брвеница е повреден на регионалниот пат Тетово-Волковија вчера околу 18 часот и 30 минути, откако во него удрило возило „форд фиеста“ управувано од жител од истото село на 40 години. Повредениот Т.М. (78) пренесен е во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, а увид извршила екипа од СВР Тетово. Регионалниот пат Тетово-Волковија што претставува главна улица во Брвеница е место каде често има сообраќајки со повредени пешаци.

На истата делница во декември 2019 имаше и жртва, во тој случај 63 годишен жител на тетовска Брвеница им подлегна на повредите во тетовската болница. Тој се движел со велосипед, а во него удри автобус на претријатие за превоз на патници од Тетово управувано од 50 годишниот М.Ш од Теново.

Во февруари годинава на поширокото тетовско подрачје регистрирани се пет сообраќајни несреќи, во кои непосредни ученици биле пешаци, а од кој еден завршил со тешки телесни повреди, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. ас/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Синдикат на полицијата протестира поради неетички изјави на обвинители во истрагата за пожарот во „Пулс“

Почивалец: Ќе изградиме стационар за кучињата скитници во Радовиш

Тешка сообраќајка на патот Штип – Велес, еден загинат, еден тешко повреден