Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

МојДДВ #МојаНаграда: Петнаесет граѓани добија по 100 илјади денари

МојДДВ #МојаНаграда: Петнаесет граѓани добија по 100 илјади денари
Img 7972

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на февруари, соопшти денеска Министерството за финансии.

Љупчо Николовски, Живко Поповиќ, Тони Ристовски, Иван Митевски, Јово Костовски, Зоран Тушевски, Дејан Мијајловиќ, Мартина Анчевска, Наташа Станојковска, Имран Широки, Зорица Кочоски, Небојша Арсиќ, Ласте Петрински, Мица Пачковска и Елизабета Јовева се граѓаните кои беа извлечени во третото коло кое се емитуваше на Канал 5 ТВ вчеравечер.

Добитниците се од Скопје, Прилеп, Штип, Тетово и Куманово.

Наградната игра стартуваше на 15 декември лани и ќе трае една година. За да учествува во наградната игра, лицето треба да е регистрирано на системот е-Персонален данок, да е корисник на апликацијата МојДДВ, како и да ги прифати условите за учество во МојДДВ #МојаНаграда. лв/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЧОКОЛАДА И ШЕЌЕР – Сладок бизнис за крупен финансиски залак

ДДВ-то за нарачките до 22 евра од Тему било заради јакнење на македонската економија, велат од Финансии

Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности потпишаа Меморандум за соработка