Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Поднесено обвинение за кражба во автобус

Поднесено обвинение за кражба во автобус
300x250 opst2

 

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против лице на возраст од 59 години за кражба во автобус.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетиот на 21 јануари, искористувајќи ја турканицата во автобус кој се движел по булеварот „Партизански одреди“, одзел паричник во кој се наоѓале 1.200 денари, лични документи, една дебитна картичка во сопственост на оштетената, како и една дебитна картичка сопственост на нејзиниот сопруг со лист хартија на која бил запишан пин-кодот од картичката.

Откако се симнал од автобусот, обвинетиот влегол во аптека и со картичката купил стока во износ од 3.165 денари. Потоа, на банкомат направил седум успешни трансакции и подигнал вкупен износ од 35.000 денари. Со ова, обвинетиот се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 39.365 денари.

Надлежниот јавен обвинител, имајќи ја предвид запретената казна за кривичното дело, општествената опасност и зачестеноста на ваквиот вид кривични дела, како и фактот дека обвинетиот е специјален повратник, процени дека во конкретниот случај постои опасност од бегство или криење со цел да се избегне кривичната одговорност. Од тие причини, јавниот обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да ја продолжи претходно определената мерка притвор како неопходна за непречено водење на кривичната постапка. дма/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: СДС ќе доживеат дебакл на локалните избори, наместо програма и проекти нудат демагогија, навреди и црна кампања

Филипче од Гази Баба: Мицкоски сака негово судство, СДСМ нема да дозволи нови тефтерчиња од Белата палата

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор