Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија денес е единствена држава во Европа каде што новинар е осуден на казна затвор само заради пишан збор

ВМРО-ДПМНЕ: Нема правда без одговорност на највисоките структури на власта

Скопје, 5 март 2020

Зоран Заев преку прогон и злоупотреба на судот и обвинителството сее страв во обид да ги замолкне медиумите кои се охрабруваат да ги истражуваат неговите криминали и да ја информираат јавноста за корупцијата и рекетот.

Преку обвиненија, тужби, пресуди и затворски казни, Зоран Заев сака да си купи мир и да ги цензурира новинарите кои одбиваат да клекнат на колена и да се приклучат на медиумско-обвинителско-политичката рекет машинерија.

Зоран Заев заплашува, осудува новинари и врши директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

Македонија денес е единствена држава во Европа каде што новинар е осуден на казна затвор само заради пишан збор.

Зоран Заев и СДСМ се исплашени и затоа нарачуваат затворски казни за медиумите. На тој начин Заев се надева дека ќе се сокрие неговата улога во случајот „Рекет“ и ќе се покријат сите скандали во истрагата кои треба да ја избришат трагата која што води кон главата на октоподот.

Заев нарачува, Русковска обвинителството спроведува, а Кацарска судството пресудува.

Казната затвор од 6 месеци за уредникот на „Инфомакс“ е доказ за едноумието кое сака да го наметне Зоран Заев.

Новинарот Александар Митовски е осуден поради тоа што изнесе на виделина докази кои се од јавен интерес во кои постојат сериозни индиции дека Зоран Заев ги предупредил Бојан Јовановски и Зоран Милевски дека се откриени во „Рекет“.

МВР и ОЈО по наредба на Оливер Спасовски и Зоран Заев претходно  вршеа претрес во Нет Пресс само поради објава на скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал од страна на висок функционер од Владата на СДСМ. Тоа го изведоа додека медиумите протестираа пред ОЈО против притисоците врз новинарите.

Кривичните пријави и политичкиот прогон против уредникот на Инфомакс Александар Митовски, новинарот и уредникот на Лидер, Љупчо Златев, против новинарот Горан Момировски и телевизија Алфа се јасен показател дека власта се плаши од вистината и од правдата во Република Македонија.

Овој хибриден режим заедно со СДСМ и Заев на 12-ти април ќе паднат од власт.

Зоран Заев може да заплашува, да се заканува со тужби, па дури и да осудува новинари, но нема да се спаси од судот на народот кој што следува на 12-ти април.

После 12-ти април ќе одговара за сите злодела против демократијата, слободата на говор, слободата на медиуми и слободата на мислата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт