Утрински Весник
Спорт

Дончиќ со рекорден „трипл-дабл“ во победата на Далас

Дончиќ со уникатно достигнување во НБА

Далас, 5 март 2020 (МИА) – Бекот на Далас, Лука Дончиќ го сруши клупскиот рекорд по уште еден „трипл-дабл“, а Маверикс го совлада Њу Орлеанс Пеликанс со 127:123 по продолжение во меч од регуларната сезона во НБА.

Словенецот заврши со 30 поени, 17 скокови и 10 асистенции, запишувајќи го својот 22-ри „трипл-дабл“ и со тоа го надмина постигнувањето на Џејсон Кид.

Кристапс Порзингис постигна 34 поени и 12 скока за триумфот на тимот од Тексас. Брендон Инграм постигна 27 поени за „пеликаните“, Лонзо Бол додаде 25, а Зајон Вилијамсон се истакна со 21.

Ниту еден тим не успеа да поведе со повеќе од 3 поени во последната четвртина и додаденото време пред Дончиќ да го пронајде Порзингис во самиот финиш и тој да забие на 49 секунди до сирената, давајќи му на тимот предност од 4, што се покажа како одлучувачки.

Претходно, Италијанецот Николо Мели го испрати натпреварот во продолжение со тројка во последните секунди, откако ги промаши претходните 6 обиди од далечина.

Кошаркарите на Далас забележаа и 11 блокади пред паузата, завршувајќи со 13 на дуелот, со по 5 запишани од Порзингис и Макси Клебер. Победниците се на 7-то место на Западот со биланс од 38-25, а Њу Орлеанс се спуштија на 11-тото место, губејќи ги своите последните 3 натпревари и се со скор 26-36.

Други резултати:

Кливленд – Бостон 106: 112
Детроит – Оклахома Сити 107: 114
Мајами – Орландо 116: 113
Бруклин – Мемфис 79: 118
Њујорк – Јута 104: 112
Минесота – Чикаго 115: 108
Портланд – Вашингтон 125: 104 .

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шампионот Струмица со три засилувања во Лигата на шампиони

Пожар го уништи стадионот и клупски простории во Словенија, таму се подготвуваше и Вардар

Тренерот на Тиквеш дојде на натпревар со влечки – Доби експресен отказ