Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Демир Капија и Крива Паланка 34 литри на метар квадратен, во Штип 26 и во Гевгелија 22 литра. Дуваше и умерен ветер од северен правец. Утрово врнежите на повеќето места престанаа. Слаби врнежи од снег има во Крива Паланка и Крушево, а во Маврово има појава на магла со намалена видливост до 50 метри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а на планините и на некои повисоки места слаб снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намалува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.са/дма/