Утрински Весник
Македонија

Модна ревија „Made in North Macedonia: Женски вештини”

Модна ревија „Made in North Macedonia: Женски вештини”

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – „Добредојде Macedonia Welcome Centrе“ (DMWC) во соработка со Француската амбасада и Меѓународниот Моден  институт „Изет Цури“, вечер во Музејот на Народна борба организираат модна ревија насловена “Made in North Macedonia: Women’s Skills”.

Ревијата се организира по повод 8 Март – Денот на жената и пет години од успешна работа на Институтот „Изет Цури“. На модната ревија ќе бидат претставени 30-тина креации изработени од студентите од  прва до четврта година на овој Институт. Настанот ќе го отвори францускиот амбасадор Кристиан Тимоние.

Интернационалниот институт за мода „ Изет Цури“ е приватна образовна институција чија основна цел е да создаде нови креативни генерации во областа на модата во Македонија. Основан е 2014 година и до денес и работи под директно менторство на професорот Изет Цури, ценето име на париската модна сцена со долгогодишна успешна кариера на глобално ниво. вг/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Најпрво техничка вода, a потоа вода за пиење во Гостивар, одговорните ќе сносат последици

Мицкоски до Собранието го предложи Зулфикар Зејнула за министер без ресор

Кривична за 62 годишник од струмичко поради силување на малолетничка