Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Панатинаикос го обвини Олимпијакос за тероризам

Панатинаикос го обвини Олимпијакос за тероризам
300x250 opst2

Атина, 4 март 2020 (МИА) – Панатинаикос го обвини денеска својот градски ривал Олимпијакос за „тероризам“, откако двата атински тима вчера играа меч од 27 коло во Евролигата при што „црвено-белите“ од Пиреја славеа со 81:78.

Ден по мечот, „зелените“ соопштија дека ги повикуваат грчките власти да преземат безбедносни мерки за нападот врз нивниот претседател, Димитрис Јанакопулос.

„Во целосна соработка со маскирани мажи, оние со кои челниците на Олимпијакос беа неодамна видени, се посегна кон терористички настроени расположение кон нашиот тим“, се вели, меѓу другото, во дописот на Панатинаикос.

Панатинаикос го спомена и нападот врз член на Управниот одбор на клубот и повика на реакција и од Евролигата која веќе има поведено една дисциплинска постапка против Олимпијакос. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН