Утрински Весник
Македонија

ДКСК: Во изминативе 12 месеци се одржани повеќе од 100 состаноци со граѓани

ДКСК одлучи дека нема нерегуларности при исплатата на субвенции на тутунарите
Dik 300x250 mk

 

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупцијата при постапувањето по конкретни предмети поднесени од физички лица, користи редовна практика да одржува состаноци по барање на подносителот или по сопствено наоѓање со цел да се допрецизираат или појаснат наводите, односно сомнежите изразени од подносителот. Во изминативе 12 месеци се одржани повеќе од 100 состаноци со граѓани  без оглед на нивната функција и место во општеството, информираат од ДКСК.

Податоците и информациите што се добиваат од овие состаноци, посочуваат од ДКСК, комисијата ги користи во своето постапување, а конечните резултати ги соопштува на јавни седници.

– Како и досега, ДКСК во своето постапување ќе се раководи од начелата на законитост, праведност и интегритет, без  оглед на тоа кој е подносител и против кој е поднесена пријавата и  ќе се води по принципот на еднаков третман на сите предмети, без исклучок, се вели во соопштението од ДКСК.

ДКСК, стои во соопштението, и во изминатиот период покажа решителност и непристрасност во постапувањето по предметите. Ваквиот проактивен пристап на работење на Комисијата посебно е забележан и во последниот работен документ на Европската Комисија, во кој е истакната важноста ДКСК да продолжи со постапувањата по предмети со наводи за непотизам. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Прегазен пешак пред мостот Гоце Делчев

ДКСК со повеќе изборни пријави – дел проследени до ЈО, дел затворени без прекршувања

МВР приведе лажен поп – мамел луѓе во тага на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково