Утрински Весник
Политички Партии

Единствена Македонија го претстави проектот „Родов – Имот“

Единствена Македонија го претстави проектот „Родов – Имот“

Скопје, 4 март 2020

Повод за денешната прес конференција е промовирање на проектот на Единствена Македонија насловен како „Родов – Имот“.

Веднаш да кажам дека суштината на проектот е следнава:

На секое семејство во Република Македонија кое ќе пројави интерес, му се доделува еден хектар земја во трајна сопственост со право на наследство од идните генерации.

Значи, на територијата на државата се оформуваат населби по принципот хектар – земја. На простор од еден хектар или 10.000 м2 може да се оформи независен и самоодржлив жив организам.

Територијата на Македонија е 2,5 милиони хектари. За да ја заштитиме и подобро да ја управуваме нашата територија ќе одвоиме 100 илјади хектари земја и ќе ги поделиме на 90 илјади семејства.

Идејата е да се создадат населби од нов тип кои ќе бидат спој на најдоброто од градот и од селото. Населбите може да бидат со големина од 100 хектари на кои ќе се населуваат по 90 семејства. На слободните површини помеѓу хектарите ќе се изградат училишта, болници, трговски центри и останати градби од јавен карактер. На родовите имоти ќе се изградат работилници од најразличен вид. Државата ќе го субвенционира секој хектар со изградба на куќа, поставување на соларни панели, довод на вода, засадување на растенија и започнување на сопствен мал бизнис.

На Родовиот Имот човекот ќе ужива, ќе твори, со што ќе ја оствари смислата на своето постоење. Секој човек со помош на родовиот имот може да обезбеди богат живот за себе и за своите потомци. На секое семејство ќе му биде дадена можноста самостојно да си го обезбеди безгрижното живеење.

Секое семејството пред добивањето на родовиот имот ќе даде свечена изјава, цитирам: “Јас создавам родова населба, во која се собираат членовите на мојот род, оние кои живееле во минатото и тие што ќе живеат во иднината. Јас ќе ја чувам и ќе ја облагородам оваа земја и моите поколенија Македонци ќе живеат тука вечно“ -завршен цитат.

Со проектот „Родов – Имот“ 90 илјади семејства ќе бидат трајно згрижени и ќе им бидат обезбедени сите неопходни услови за живот и просперитет, имотите ќе бидат доделени во трајна сопственост со право во наследство.

90 илјади семејства ќе станат стожер на македонската држава и ќе го чуваат македонското име, идентитетот и македонската земја засекогаш.

Исто така, ќе дојде до значително подобрување на еколошката состојба. На родовиот имот можат да се посадат дрвја од различен вид. Со ова, за многу краток период на родовите имоти ќе бидат засадени милиони дрвца, а ќе се растеретат и големите загадени градови.

Ќе се подобри и менталната состојба на народот и промена на свеста. Човештвото со илјадници години се бори со корупција, криминал и сиромаштија. Замислете го семејството кое живее на својот Родов – Имот. Тие имаат свое неоттуѓиво пространство кое во секој миг може да ги задоволи потребите на семејството, стабилна, чиста и мирна животна средина. Страшните казни и закони се покажаа како неефективни во спречување на криминалот. Кај семејството кое ја има својата економска независност ќе се појават други приоритети.

Родовиот имот ќе доведе до подобрување на здравствената и демографската состојба, подобрување на економијата, спортот и културата. Намалување на невработеноста.

За да се спроведе проектот Родов – Имот ќе биде потребно да се изврши попис на населението и ревизија на имотот на приватното и државното земјиште. 100 илјади хектари земја можат да се спремат за период од 5 години.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа силно верува дека овој револуционерен проект ќе биде од немерлива корист за народот и државата. Ги најавуваме и следните проекти на Единствена Македонија во периодот што следува.

Прес-конференција на Синиша Николовски од Центарот за комуникации на Единствена Македонија

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт