Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Познат распоредот за одигрување на натпреварите на С.Македонија во Лигата на Нациите

Познат распоредот за одигрување на натпреварите на С.Македонија во Лигата на Нациите
Img 7972

Нион, 4 март 2020 (МИА) – По вчерашната ждребка во Амстердам каде С.Македонија ги доби противниците за новиот циклус од УЕФА Лига на Нации, беа одредени и датумите и времињата на одигрување на натпреварите.

По освоеното прво место во групата од лигата Д на првото издание од турнирот, нашата земја сега се натпреварува во Лига Ц.

Со освоено прво место во групата по ова издание на ЛН, би следувала промоција во Лигата Б.

Распоред:

5 септември, 2020 | 15.00 ч. С.Македонија – Ерменија
8 септември, 2020 | 18.00 ч Грузија – С.Македонија
8 октомври, 2020 | 20.45 ч. Естонија – С.Македонија
11 октомври, 2020 | 18.00 ч. С.Македонија – Грузија
13 ноември, 2020 | 20. 45 ч. С.Македонија – Естонија
16 ноември, 2020 | 18.00 ч. Ерменија – С.Македонија

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025