Утрински Весник
Политички Партии

Амели де Моншалан: Франција ќе донесе одлука врз основа на препораките на Европската комисија

Амели де Моншалан: Франција смета дека процесот на преговори треба се реформира

Париз, 4 март 2020 (МИА) – Француската државна секретарка за европски прашања Амели де Моншалан, во одговор на пратеничко прашање, нагласува дека Франција ќе ја донесе својата одлука врз основа на мислењето на Европската комисија, без притоа да каже каква ќе биде таа одлука, јави дописникот на МИА.

Францускиот пратеник од редовите на мнозинската Република во движење Ксавиер Палузукиевич, прашува зошто на 17 и 18 октомври 2019 на Европскиот совет беше отфрлен предлогот за почеток на преговори од 28-те земји-членки на Унијата,  и според  тоа се чини дека Франција особено се спротивстави на пристапувањето на Северна Македонија во спротивност со сите свои партнери.

Тој сака да знае зошто оваа земја конкретно, според француската држава, не ги исполни условите за влез во Унијата. Особено се интересира за состојбата во Северна Македонија и за нејзината усогласеност со таканаречените критериуми од Копенхаген, во споредба со другите држави во фаза на преговори за пристапување како Србија или Црна Гора.

Амели де Моншалан нагласува дека во оваа прилика, земјите-членки не најдоа едногласен договор за започнување преговори со Северна Македонија и Албанија,  поради неколку различни позиции, особено во врска со нецелосноста во сегашниот процес за пристапување, за напредокот што треба да го постигнат овие земји во бараните реформи, за можните дополнителни услови или модалитети за отворање на преговори или дури и по можноста за започнување преговори само со едната или двете земји.

-Во овие дискусии, Франција, истовремено потврдувајќи ја европската перспектива на Западен Балкан, повика на темелна реформа на процесот на пристапување во Унијата со цел да се направи поверодостоен и ефективен, одговара Моншалан.

Според неа,  оваа реформа е барана долго време од Франција, како и од неколку земји-членки. Покрај тоа, Франција и неколку други земји-членки сметаа дека двете засегнати земји не ги исполнуваат во целост критериумите утврдени од Советот на Европската унија во јуни 2018 година во однос на реформите, особено во областа на владеењето на правото и правда.

-Новата Европска комисија формулираше на 5 февруари 2020 година предлози за голема реформа на пристапниот процес, што ги опфаќаат предлозите што ги предложи Франција во есента 2019 година. Оваа реформа оди во насока на промена на парадигмата посакувана од Франција. Конкретно, се воспоставува пообјективни и проверливи критериуми, засилени услови во смисла на владеење на правото, но, исто така и економска и социјална конвергенција, еден систем за стимулирање кој овозможува конкретни придобивки во случај на напредок во реформите и, обратно, мерки на реверзибилност во случај на неуспеси, објаснува, државниот секретар на министерот за Европа и надворешни работи, одговорен за европски прашања.

Сега, според Моншалан, ќе има дискусија во Советот на Европската унија пред самитот во Загреб во мај 2020 година.

-Франција ќе биде претпазлива во врска со спроведувањето на овие предлози и одржувањето на нивото на амбицијата на оваа реформа пред да се започне со преговори. Покрај тоа, врз основа на проценката на Европската комисија за спроведените реформи во Северна Македонија и Албанија за исполнувањето на критериумите утврдени од Советот, Франција ќе донесе одлука, вели таа.

Што се однесува конкретно до Северна Македонија, Анмели де Моншалан во одговорот до францускиот пратеник, очигледно изработен пред објавувањето на мислењето на Европската Комисија нагласува дека Франција ја признава вредноста на историскиот договор од Преспа со кој се реши голем билатерален спор меѓу Грција и Северна Македонија и дека тој претставува голем чекор напред за стабилност во регионот. -Добрососедските односи, според него, се  суштински елемент во процесот на проширување на Европската унија, исто како и другите критериуми.тг/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт