Утрински Весник
Спорт

„Воините“ го изненадија Денвер

„Воините“ го изненадија Денвер

Денвер, 4 март 2020 (МИА) – Фановите на Денвер беа непријатно изненадени откако нивниот тим доживеа пораз дома од актуелниот шампион и годинава најслабиот тим во НБА, Голден стејт со 116-100.

Интересно е што синоќешните победи главно ги однесоа гостинските екипи, а само Лејкерс и Сакраменто славеа на свој терен.

Иако беа аутсајдери, кошаркарите на Голден Стејт одлично го почнаа натпреварот и го презедоа водството на стартот.

На средина на натпреварот, Денвер успеа да направи пресврт, па дури и да дојде до двоцифрена предност, но на крајот од мечот гостите повторно ја преземаа иницијативата и со нов пресврт дојдоа до убедлива победа од 116: 100.

Победничкиот тим го предводеа Ендру Вигинс и Ерик Паскал со по 22 поени и пет скока, а Вигинс имаше плус 10 асистенции за „дабл-дабл“ учинок.

„Дабл-дабл“ имаше и Никола Јокиќ во поразениот тим, но тоа е мала утеха и за него и за Денвер, што беше нивни втор пораз на последните три натпревари. Јокиќ го заврши натпреварот со 16 поени и 13 скока и имаше седум асистенции.

Поефикасни од него беа Вил Бартон и Пол Милсап со по 18 поени.

Денвер во моментов е трет во Западната конференција, додека Голден Стејт останува на дното.

Резултати од НБА:

Шарлот – Сан Антонио – 103: 104
Бостон – Бруклин – 120: 129 по продолжение
Њу Орлеанс – Минесота – 134: 139
Оклахома Сити – Л.А. Клиперс – 94: 109
Денвер – Голден Стејт – 100: 116
Феникс – Торонто – 114: 123
Л.А. Лејкерс – Филаделфија – 120: 107
Сакраменто – Вашингтон – 133: 126

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо