3 март 2020
Пред малку бевме на Тиквешко езеро, сега се наоѓаме на Прилепско езеро. Како што сами кажавте ова позади мене требаше да биде Прилепско езеро, за жал од тоа што можеме да видиме е дека не постои акумулација, не постои езеро. Капацитетот на оваа акумулацијаова е околу 6 милиони метри кубни вода. Како што сами кажавте во моментов има околу 900.000, нема ниту 1 милион. Тоа значи дека 2020 ќе биде сушна година за тутунарите од прилепскиот регион и тоа е многу загрижувачки. Оваа реколта ќе биде премногу тешка за тутунарите од овој регион. И оваа акумулација како и сите останати во Република Македонија е резултат на лошото менаџирање на водните ресурси. Ќе повторам 2019 беше катастрофална сушна година, капацитетите не се полнеа како што треба, меѓутоа АД Водостопанство на Република Македонија правеа некои интервенции во години кога не беа потребни. И резултатот на тие интервенции и тоа испуштање на водите непотребо, е сега да имаме празни акумулации коа ќе значат за еколошка катастрофа и сериозно загрозување на земјоделското производство во овој регион. Апелирав од сите претходни акумулации и од овде апелирам дека навистина треба да се превземат сите мерки, да се разговара со фелата во Република Македонија се со цел да се најде некое преодно решение и да се санираат овие работи ако е возможно. Ако оваа година временските услови продолжат како до сега ќе биде навистина тешка година, и тоа ќе биде тежок период за тутунарите и за сите земјоделци од овој крај на Република Македонија.
Пред се јас се надевам дека во наредниот период временските услови ќе не послужат со снег или дожд за да барем малку од малку се санира оваа штета, ако ситуацијата остане каква што е сега, а веројатноста е голема да се соочиме со сушна година треба владата да превземе сет на мерки кои ќе бидат олеснување или компензација на изгубеното што ќе го претрпат и тутунарите и сите земјоделци во Република Македонија. Ќе спомнам само дел од сетот мерки, а тоа значи дека прво треба да бидат ослободени од дел од надомест на надводнување, можеби треба да се размислува да се ослободат од закупнина на државното земјоделско земјиште, има сет на мерки. Кога збирно ќе направам сондажа на акумулациите во Република Македонија ќе излеземе со прес конференција и со конкретни мерки што би биле предложени. Ова што сега го правам со посети на сите акумулации е да ја увидам фактичката состојба и да алармирам за сериозноста на проблемот. Навистина мене ме разочарува фактот што оние министри, владата, техничкиот премиер кои што земаат плата од народот, не наоѓаат сериозност за внимание да посветат на оваа тема која што е многу загрижувачка и за земјоделците и за флората и фауната во Република Македонија.
Цветан Трипуновски – дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.