Утрински Весник
Македонија

На проектен форум во Берово ќе се одбираат прироритетни проекти

На проектен форум во Берово ќе се одбираат прироритетни проекти

Берово, 3 март 2020 (МИА) – Во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка, а спроведуван од УНДП и Општина Берово, в четврток 5 март 2020 година, во Берово ќе се одржи проектен форум.

На форумската сесија која ќе се одржи во Бизнис инкубаторот во Берово, како што информираат организаторите, граѓаните со свои предлози и идеи ќе учествуваат во подготовката на проекти од интерес на жителите на општина Берово.

-Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите според организаторот ќе даде голем придонес и ќе биде од особено значење за успешно спроведување на проектниот форум и изборот на проекти, предложени и подржани од жителите на општина Берово, велат организаторите.

Низ форумскиот процес како што додаваат, ќе се изработуваат и изберат проекти со кои ќе се аплицира за нивна реализација во рамки на вкупен фонд од 50.000 швајцарски франци.

Целта на програмата „Форуми во заедницата“ е граѓаните да го подобрат својот живот, со сопствени идеи и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво, а администрацијата да развие отчетно локално управување преку учество, одговорност и доверба. вс/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЛДП: ВМРО да докаже оваа недела дали приоритет им е Законот за Пандов или Законот за укинување на двојното државјанство

Македонија го почнува првото генетско пребројување на кафеавата мечка

Од првиот министер за одбрана до првороденото дете во независна Македонија – специјално „Отворено студио“ на 4TV