Утрински Весник
Македонија

Шкријељ: Досега од институциите се извлечени половината од штитениците

Шкријељ: Досега од институциите се извлечени половината од штитениците
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Струмица, 3 март 2020 (МИА) – Досегашните штитеници на Заводот за заштита и рехабилитација во Банско, партнерите Мирсат Мемедов и Васка Николова, по поминати 40 години во институцијата, од денес живеат самостојно во куќа во селото Добрејци. Нив денес ги посети дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, која истакна дека едни од најстарите жители на Заводот во Банско конечно добија свој дом.

-Процесот на деинституционализација е еден од најбитните приоритети и реформи кој што ги спроведуваше министертвото за труд и социјална политика и целата Влада во изминатиот период. Знаете дека нема повеќе деца во институциите и тоа е огромно достигнување за нашата земја во насока на унапредување на човековите права. Продолжуваме интензивно и посветено да работиме на извлекување на сите возрасни од  инстутуциите. Досега успеавме да извлечеме и да обезбедиме дом за околу педесет проценти од вкупниот број на лица од институции, рече Шкријел.

Додаде дека на Мирсат и Васка ќе им биде пружена поддршка преку негователи, преку Центарот за социјална работа и доколку биде потребно ќе биде обезбедена и персонална асистенција.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој заедно со Шкријел ги посетите Мирсат и Васка, истакна дека процесот на деинституционализација е прифатен од штитениците и тоа ја отсликува успешноста на овој проект. рт/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен