Утрински Весник
Спорт

Мхитарјан објасни зашто ја избрал Рома и го нападна Мурињо

Мхитарјан објасни зашто ја избрал Рома и го нападна Мурињо

Рим, 3 март 2020 (МИА) – Ерменскиот репрезентативец Хенрих Мхитарјан објасни зошто решил да замине во Рома, како и за неговите односи со Жозе Мурињо и Јирген Клоп.

– Ја избрав Рома за повторно да започнам да се забавувам, сподели фудбалерот за Јутјуб каналот Евгени Савин.

Тифозите на „римските волци“ навистина се забавуваат во последно време со претставувањето на Ерменецот, кој е главниот лик во нивните мечеви од почетокот на годината.

– На 1 септември играв за Арсенал, а два часа подоцна, Мино Рајола ми рече да го фатам првиот лет за Рим. Се сè случи многу брзо. Сакав работите да се променат. Сега имам 30 години и немам време да губам и морам да продолжам да се забавувам. Возраста не е проблем за мене, играв за клубови како Манчестер Јунајтед и Арсенал. Луѓето во Италија живеат за фудбал и тоа е одлично за мене, посочи тој.

Мхитарјан изјави дека целите на Рома се завршување во Топ 4, пласман во финалето на Купот на Италија и колку што е можно подалеку стигнување во Лигата на Европа.

– Мојата цел е да продолжам да играм додека наполнам 37 години. Не знам што ќе се случи тогаш и дали ќе можам да играм на највисоко ниво подолго. Тоа е мојата цел, вели Ерменецот.

Во својата кариера, Мхитарјан играше под раководство на одлични тренери како Жозе Мурињо и Јирген Клоп.

– Еден ден, Португалецот ми рече дека печатот го критикувал поради мене. Јас одговорив дека тоа не е мојата цел, но во таа сезона имаше папараци насекаде и внимателно го следеа секој мој чекор. Секако, тој е тренерот со кој работев најтешко. Мурињо е роден победник и сака да освои се и секој играч да го прави, она што тој го сака. Имавме конфликти и недоразбирања. Тој сакаше да тренира, повеќе и јас го правев тоа. Желбата ми беше да работам напорно, да му помогнам на тимот и да постигнувам голови, но сепак Мурињо сè уште не беше среќен. Сепак, освоив трофеј, играв во одличен клуб и играв со Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Хуан Мата и Давид Де Хеа , додаде тој.

Ерменецот на друг начин раскажува за друг поранешен тренер, во случајов Јирген Клоп.

– Тој е мој пријател, татко и брат. Кога го напуштив Дортмунд, навистина почнав да го разбирам фудбалот, рече Мхитарјан.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо