Утрински Весник
Македонија

Приведен 19 годишник за обид за обљуба на 14 годишно девојче

„Вечерње новости“: Уапсениот државјанин на РСМ сакал да произведува муниција во „Сувенир Самоков“

Тетово, 3 март 2020 (МИА) – Тетовската полиција приведе 19 годишно лице како осомничен за обид за обљуба на девојче на 14 години. Случајот се случил во неделата, во понеделникот го пријавила мајката на девојчето.

-Вчера 31-годишна тетовка во СВР Тетово пријавила дека претходниот ден околу 14 часот, 19-годишен тетовец во неговиот стан ја повикал нејзината малолетна ќерка и во влезот од нивната зграда ја допирал по телото и се обидел да изврши обљуба, но не успеал, бидејќи девојчето избегало и и раскажало на својата тетка.  Момчето било лишено од слобода и задржано е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, информира денеска СВР Тетово.

Ова е втор сличен случај за десетина дена. Во петокот 61 годишник беше притворен по што доби и притвор за полов напад врз девојче што не наполнило 14 години.ас/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Заев и Ковачевски ја жртвуваа политичката кариера за денес да бидеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ

1,95% ќе биде каматата за стопанството со 3 години грејс период и 15 години рок на отплата, рече Мицкоски

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ