Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните чии нови лични карти се веќе испечатени да дојдат во подрачните единици на Министерството, онаму каде што аплицирале за издавање на овие документи, и да си ги подигнат.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во овој момент над 35 илјади лични карти што во изминатиот период беа изработени, не се подигнати од страна на граѓаните. сст/са/