Утрински Весник
Спорт

Деулофеу аут од терените за 8 месеци

Деулофеу аут од терените за 8 месеци

Ватфорд, 3 март 2020 (МИА) – Крилниот играч на Ватфорд, Жерард Деулофеу има сериозна повреда по натпреварот со Ливерпул. Шпанецот има скинати лигаменти на коленото, како и искинат менискус. Ова значи дека тој ќе мора да биде подложен на операција и периодот на опоравување ќе биде помеѓу шест и осум месеци.

Ова е прилично непријатна вест за менаџерот на Ватфорд, Најџел Пирсон, кој се потпираше на Шпанецот за да им помогне на „стршлените“ во битката за опстанок.

„На негово и наше жалење, резултатите од скенерот покажаа дека тој ќе биде отсутен до крајот на сезоната. Сигурно ова ќе биде голем недостаток за нас, но важно е да остане позитивно настроен. Без да го кажувам тоа, јасно е дека ќе го поддржиме Џери на секој можен начин“, рече Пирсон.

Дулофеу беше привлечен во Ватфорд во 2018 година за 13 милиони евра од Барселона. Тој има 70 натпревари и 17 голови на своја сметка на тимот. Покрај тоа, тој има 4 натпревари за репрезентацијата на Шпанија.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство