2 март 2020
Санела Шкријељ, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ вечерва се сретна со жителите на Петровец со кои разговараше за регормите во социјалната заштита и владините мерки и програми кои ја поттикнуваат вработливоста и ја намалуваат сиромаштијата.
Шкријељ на средбата со граѓаните истакна дека Владата предводена од СДСМ изминатите две и пол години силно работеше на зајакнување на грижата на државата кон наранливите и обезбедување на подобри услови за живот.
„Искоренувањето на сиромаштијата посебно на детската сиромаштија е баш врвен приоритет, Со социјалната реформа во моментот речиси 33 илијади деца користат детски додаток, а 27 илјади семејства добиваат зголемена социјална помош. Со реформата ја намалуваме сиромаштиајта и 5.270 постари лица оствариле право на социјална пензија“, рече Шкријељ.
Шкријељ во Петровец разговараше со граѓаните и за развој на социјалните услуги на локално ниво. Преку овие услуги треба да се подобри квалитетот на животот на лицата со попреченост и на повозрасните лица.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
——————————————————————————————————————————————–
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки