Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги манипулираа најранливите категории, граѓаните денес знаат дека СДСМ навистина се грижи за нив

СДСМ: Техничкиот министер Чулев за себепромоција и лажен успех загрози меѓународна операција, а од друга страна граѓаните се уште се без патни исправи

Реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 2 март 2020

Извршителот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните, предизборно им ветуваат работи што веќе се реализирани и остварени од страна на СДСМ во изминатите 2,5 години.

Без идеја и програма се обидуваат да манипулираат со луѓето и изнесуваат неточни податоци за социјалната помош за најранливите категории граѓани, кои 11 години ги држеа на маргините.

Политиките на СДСМ и претседателот Зоран Заев во изминатите 2,5 години покажаа што значи вистинска грижа за граѓаните.

Социјалната помош ја зголемивме за 300% од срамно ниските 3.000, на над 11.000 денари. Покажавме дека знаеме да се грижиме за сите и затоа продолжуваме и во наредниот мандат со мерки и политики кои го унапредуваат животот на сите граѓани.

Во наредните 4 години ќе го зголемиме опфатот на семејства, кои примаат гарантирана социјална помош на 34 илјади, а 65.000 деца ќе примаат детски додаток. Семејствата со ниски приходи ќе бидат ослободени од плаќање партиципација за градинка и со изградба на 777 социјални станови ќе им помгнеме да имаат сигурен дом.

Особено внимание посветуваме на работниците и нивните права. Покажавме дека можеме и во изминатите 2,5 години ја покачивме минималната плата од 9.000 денари во 2017 година на сегашните 14.500, а во наредните 4 години ќе ја зголемиме на 18.000 денари.

Просечната плата за само 2,5 години ја зголемивме за над 4.000 денари. Тоа е зголемување од  17,6% за две и пол години.

Извршителот Мицкоски кој нема програма им ветува на граѓаните помалку од тоа што СДСМ го остварува!

Граѓаните знаат кој се задолжуваше за да гради лажен барок и жални врби, а не ги зголемуваше платите. Знаат кој ја покачи цената на електричната енергија за 100 отсто кој ги зголемуваше трошоците за живот

Денес ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Христијан Мицкоски нема што да понудат освен обнова на режимот и одбрана на криминалот. Затоа манипулираат со мерки кои веќе се спроведуваат или се дел од понудата на СДСМ.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе биде казнето на 12 април, затоа што 11 години на власт не се грижеше за ранливите категории, а денес се грижи само за одбрана на криминалот на Никола Груевски и неговите соработници.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт