Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Министерството за информатичко општетство и администрација соопшти дека нотираниот прогрес на земјата во Извештајот на ЕК во делот на јавната администрација е потврда за трудот и посветеноста на реформите во овој сектор, како сервис на граѓаните.
– Северна Македонија продолжува да бележи прогрес во реформата на јавната администрација. Вака, Европската комисија го започнува делот посветен на јавната админстрација во последниот извештај. Фокусот е на обезбедување побрзи и поквалитетни услуги до граѓаните, а тоа се овозможува со новиот Национален портал за е-услуги. Дополнително, Централниот регистар на население, е ставен во функција и претставува единствена база на податоци за населението, со унифицирани и верифицирани информации. На овој начин, ЕК уште еднаш потврдува дека основа на реформата и професионализацијата на јавната администрација е дигитализацијата, се наведува во соопштението.
Извештајот се, додава, се осврнува и на прогресот постигнат во делот на транспарентноста и инклузивноста при креирањето на политики и носењето на одлуки, каде се потенцира новиот портал за отворени податоци и Стратегијата за транспарентност 2019-2021.
– За нас како Министерство за информатичко општество и админстрација, позитивната оценка во Извештајот е потврда за трудот и посветеноста за реформа на јавната админстрација, како сервис на граѓаните. Дополнително, ова претставува и обврска да продолжиме во истата насока, се со една цел а тоа е подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, се додава во соопштението од МИОА. вг/сп/