Утрински Весник
Политички Партии

Претседателот Пендаровски се сретна со шефот на хрватската дипломатија Грлиќ Радман

Претседателот Пендаровски се сретна со шефот на хрватската дипломатија Грлиќ Радман

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, информираат од Кабинетот на шефот на државата.

Во оваа прилика претседателот Пендаровски, му се заблагодари на министерот Радман, за посетата и за постојаните и јасни заложби на Хрватска и актуелното хрватско претседателство за отворање на пристапните преговори за членство пред Самитот на Унијата во Загреб во месец мај. Пендаровски воедно изрази очекување и за скорешно усвојување на новата методологија за водење на пристапните преговори за членство.

На средбата. се вели во соопштението на Кабинетот на претседателот, беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека тие се пријателски, без отворени прашања и беше посочено на интересот на двете страни за унапредување и интензивирање на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.

Двајцата соговорници на крај разменија мислења и информации и за актуелните состојби во регионот, вклучително и за заканата од нелегалната миграција. оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт