Утрински Весник
Економија

Тутунарите од Струмичко задоволни од постигнатите откупни цени

Тутунарите од Струмичко задоволни од постигнатите откупни цени

Струмица, 2 март 2020 (МИА) – Заврши откупот на тутунот од минатогодишната реколта со постигната просечна цена од 220 денари за килограм што е 10 денари повеќе од лани, информира Марјан Трајков од Здружението на тутунопроизводители „Басмак“ од Василево.

Откупена е целата договорена количина од 2,5 милиони килограми тутун, која е иста со произведената во 2018 година.

-Со постигнатата просечна откупна цена од 220 денари се остварија предвидувањата на „Басмак“ дека заедно со субвенциите тутунарите може да добијат и до 300 денари за предаден килограм тутун, подвлече Трајков.

На терен компаните веќе склучуваат нови договори за откуп од годинашната реколта. Според Трајков, може да се очекува оваа сезона бројот на склучените договори да биде помал од оној лани, кога биле склучени околу 2.500 договори.

Во 2019 година во Струмичко беа засадени околу 1.200 хектари тутун. рт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДММ: За младите 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв стан

ВМРО-ДПМНЕ: Младите се во фокусот, речиси 40 милиони евра за вработување на над 10.000 лица во 2026

ВЛЕН: Стратешкото партнерство со Турција се претвора во конкретни инвестиции и економски развој