Утрински Весник
Политички Партии

Заев: Властите ги преземаат сите мерки за евентуална ескалација на мигрантската криза

Заев: Властите ги преземаат сите мерки за евентуална ескалација на мигрантската криза

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Како што сум информиран од претставниците на СДСМ во Владата, властите ги преземаат сите можни подготовки за евентуална ескалација на кризата со прилив на мигранти, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Сериозно ги следиме настаните што се случуваат на грчко турската граница. Имаме директни комуникации преку министерот за надворешни работи и со Турција и со Грција, а и со структурите на НАТО и ЕУ заради координација. Нашите очекувања се дека  европските лидери ќе изнајдат решение за спречување на евентуално на нов бран на бегалци коишто ќе пенетрираат преку Грција и Република Северна Македонија, па кон Западот, нагласи Заев на прес-конференција во седиштето на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање за подготевноста на земјава за справување со евентуалан нова мигрантска криза.

Тој потенцира дека земјава е подготвена целосно да ги следи европските препораки околу ова прашање.

– Она што се случува будно го следиме. Имаме информации од прва рака и верувам дека сме целосно подготвени за менаџмент на нашата јужна граница, додаде Заев. сп/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт