Утрински Весник
Македонија

Гевгелиската гимназија ја одложи екскурзијата за Италија

Гевгелиската гимназија ја одложи екскурзијата за Италија

Гевгелија, 2 март 2020 (МИА) – Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ поради корона вирусот, донесе одлука за одложување на училишната екскурзија во Италија која требаше да се реализира кон крајот на мај од страна на учениците од трета година.

– Одлуката за одложување на екскурзијата следеше по одржаните средби со учениците и Советот на родители, на кои учениците и родителите беа информирани за задолженијата од Министерството за образование и наука за одложување на патувањата за Италија како и за другите превентивни мерки за заштита од корона вирусот, соопштија денеска од гевгелиското средно училиште.

Во ова, како и во сите основни училишта на територијата на општина Гевгелија веќе се применуваат мерките за превентивна заштита од корона вирусот во поглед на едукацијата на учениците и примената на задолжителните хигиенски мерки. им/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Нов скандал на власта, дали граѓаните ја плаќаат партиската кампања на ВМРО-ДПМНЕ

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

Галетановски: Возилото е изгорено целосно, ниту сум скаран со некој ниту некој ми се заканувал