Утрински Весник
Македонија

Советот на Општина Кичево одобри шест милиони денари за културата

Општина Кичево одвои 12.000 евра за настраданите од земјотресот во Албанија

Кичево, 2 март 2020 (МИА) – Советниците од сите советнички групи во Советот на Општина Кичево, едногласно ја усвоија предлог програмата за култура за 2020 година. За предлогот – шест милиони денари да им бидат на располагање на културните работници во Кичево, „за“ гласаа сите 18 присутни советници.

Преставникот на Општина Кичево, Емин Насуфи, рече дека како општинска администрација се горди на фактот што успеаја преку проекти да конкурираат и да победат во Министерството за култура и Кичево да стане „Град на културата за 2020 година”.

– Од министерството, за вкупно 49 културни проекти успеавме да добиеме три милиони денари, а од општинскиот буџет ќе одвоивме уште дополнителни три милиони, рече Насуфи.

Тој вели дека во културата немало и нема да се дозволи никакво политичко влиание.

– Едноставно културата им припаѓа на културните работници од сите дејности, имаме одлична соработка како локална самоуправа со Министерството за култура и со директорот на Н.У. Центар за култура „Кочо Рацин” во Кичево, без разлика кој од која партија доаѓа, така било и така ќе остане и во иднина, посочи Насуфи.рз/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина