Утрински Весник
Спорт

Стариџ изненадувачки стана слободен агент

Официјално: Стариџ ќе игра во Турција

Трабзон, 2 март 2020 (МИА) – Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Даниел Стариџ е слободен агент откако го раскина договорот со Трабзонспор. 30-годишниот Англичанец постигна седум гола и забележа четири асистенции на 16 натпревари за турскиот тим, во кој премина во текот на летото, откако беше ослободен од Ливерпул.

Договорот на Стариџ со Трабзонспор беше до 31 мај 2021 година, но клубот официјално потврди дека договорот е раскинат само осум месеци откако беше потпишан и напаѓачот беше ослободен од своите должности.

Поранешниот играч на Ливерпул веројатно ќе ја продолжи кариерата во Соединетите држави.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина