Утрински Весник
Спорт

Вардар против ПИК Сегед во осминафиналето на Лигата на шампионите

Вардар против ПИК Сегед во осминафиналето на Лигата на шампионите
Dik 300x250 mk

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Европскиот шампион Вардар во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се соочи со екипата на ПИК Сегед (Унгарија).

Првиот дуел од осмина-финалето се игра во периодот од 18 до 22 март во Скопје, а реваншот е во периодот од 25 до 29 март во Сегед, Унгарија.

Победникот од дуелот ќе игра во четвртфиналето со победникот од мечот помеѓу Висла и Веспрем.

Во групната фаза сезонава екипата на ПИК Сегед го освои 3. место во А групата со 20 бода, и 9 победи, 2 нерешени средни и три порази. Најголемиот успех на екипата е пламан во четврт-финалето на ЛШ каде играше четирипати во последните шест години.

Двојки за осмина-финалето во ЛШ се:
Динамо Букурешт – ПСЖ
Висла – Веспрем
Вардар – ПИК Сегед
Целје – Кјелце
Пoрто – Олборг
Флензбург – Монпелје

Екипите на Барселона и на Кил директно се пласираа во четврт-финалето бидејќи беа првопласирани во своите групи.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина

НБА може да ја промени политиката за обложување по апсењата на Розиер и Билапс