Утрински Весник
Македонија

Планинарите од „Тетекс“ ја одржаа турата Лавце-Бела вода со вкупна должина од 12 километри

Планинарите од „Тетекс“ ја одржаа турата Лавце-Бела вода со вкупна должина од 12 километри
Dik 300x250 mk

Тетово, 2 март 2020 (МИА) – Со планинарска тура до месноста Бела Вода на планината Орловец на шарпланинскиот масив планинарскиот клуб „Тетекс“ од Тетово ја започна сезоната на овогодинешни активности. Станува збор за марш кој е со вкупна должина од 12 километри.

-Последната недела во месец февруари ПК „Тетекс“ организира собир на своите членови со цел да се потврди точната бројка на членови и да започне новата планинарска година. На првата тура до месноста Бела вода вчера имаше 60 учесници од нашиот но и други клубови. Започна од Лавце до Бела вода и назад со вкупна должина од 12 километри, изјави Снежана Новаковска од ПК „Тетекс“.

Во зависност од временските услови наредната планинарска тура на ПК „Тетекс“ ќе биде до потегот Јанче – Галичник. ас/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Студени утра, потопли денови и магла по котлините

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?