Утрински Весник
Спорт

Фенербахче го отпушти Ерсун Јанал

Фенербахче го отпушти Ерсун Јанал

Истанбул, 2 март 2020 (МИА) – Турски Фенербахче објави декаго раскинал договорот со тренерот Ерсун Jaнал, а директна причина е домашниот пораз на големиот ривал Галатасарај.

Натпреварот се одигра минатата недела на стадионот „Улкер“ а Галатасарај победи со 3:1 за прв пат по 20 години, предизвикувајќи вистински бес кај домашните навивачи.

Вчера, сепак, „фенерџиите“ одиграа 2-2 со Анталијаспор.

Вториот најуспешен клуб во Турција моментно е рангиран на 7-то место во пласманот, откако заостанува 9 бода зад вториот Галатасарај и лидерот Трабзонспор, откако започна лошо во вториот дел од првенството.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград