Утрински Весник
Спорт

Сетиен: Не треба да се потпираме само на Меси

Сетиен: Не треба да се потпираме само на Меси
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мадрид, 2 март 2020 (МИА) – Поразот од Реал Мадрид 0: 2 ја собори Барселона од врвот во Ла Лига. Каталонците ги пропуштија своите шанси пред паузата, а после тоа головите на Виничиус Жуниор и Маријано Дијаз им донесе успех на домаќините.

Тренерот на Барса, Кике Сетиен ги истакна причините за поразот и истакна дека тимот не треба да се потпира целосно на квалитетите на Лионел Меси.

– Мислам дека одигравме силно прво полувреме, а Реал доминираше во второто. Дури и тогаш, не започнавме лошо, но во еден момент грешките при подавањата станаа почести. Мора да му честитаме на противникот за победата. Понекогаш е нормално да изгубите натпревар, во кој се обидувате да го надиграте противникот. Кога тимот е подложен на таков агресивен притисок, станува тешко. Затоа е неопходно да се оддаде почит на играчите на Реал Мадрид, рече менторот на Барса.

Според него, „Меси е исклучително важен играч, но не треба тимот да зависи само од него“.

– Денес тој не успеа да постигне гол и ние изгубивме. Поразот е непријатен, но ние ќе го надминеме. Остануваат уште многу мечеви. Реал има бод повеќе од нас, но сè може да се сврти, додаде тренерот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер