Утрински Весник
Македонија

Штип го има единствениот патнички лачен мост на река Брегалница

Штип го има единствениот патнички лачен мост на река Брегалница

Штип, 2 март 2020 (МИА) – Во Штип денеска со почеток свечено ќе биде пуштен во употреба новиот мост на реката Брегалница, кој треба да го растерети сообраќајот на булеварот „Гоце Делчев“ и на Кемниот мост на реката. 

На пуштањето во употреба на мостот најавено е обраќања премиерот, Оливер Спасовски, вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Со пуштањето на новиот мост на Брегалница, Општина Штип и официјално во употреба ја заврши и изградбата  на  новата обиколница од улицата „Борис Крајгер“ до булеварот „Гоце Делчев“, која ги поврзува најголемите штипски населби Сењак, Дузлак, Баби, Дузлачки Рид, Света Недела, 8 Ноември и  Автокоманда со индустрсикиот дел на градот. Првата и втората фаза од обиколницата се инвестиција на Општина Штип и чинат околу 58 милиони денари.

Челичниот мост на реката Брегалница е тежок 240 тони,  долг е 60,  широк е десет метри, од едната страна  има и тротоарна површина, по која ќе се движат пешаците. Штип по 65 години добива нов мост на реката Брегалница , којшто ќе биде и  единствен патнички лачен мост во земјава, а ќе ја има функцијата да го растерети сообраќајот на булеварот „Гоце Делчев“ и на Камениот мост на река Брегалница.вдј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани